ОН бара САД да спроведе системски реформи против расизмот

Од:

Владата на САД треба јавно да признае дека постои системски расизам во САД, побара денеска тело за борба против расизам на Обединети нации.

Комитетот на ОН за елиминација на расна дискриминација преку сооштение ја повика американската администрација „недвосмислено и безусловно да ги отфрли и осуди расно мотивираните убиства на Афроамериканците и припадниците на другите малцинства“.

Комитет составен од 18 независни експерти од целиот свет побара од Вашингтон да ги забрза истрагите за однесувањето на полицијата, вклучително и прекумерната употреба на сила за време на протестите против расно мотивираната полициска бруталност. Телото на ОН повтори дека официјалните лица на сојузно, државно и локално ниво треба да поминат низ систематска антирасистичка обука.

Советот за човекови права, главното тело на ОН за таа област, треба да разговара за расизмот во САД и другите делови на светот в среда.

Африканските земји повикаа на итна расправа за расно мотивирани кршења на човековите права, систематски расизам, полициска бруталност и насилството врз мирни демонстранти.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД