ОН бара најмалку 200 илјади бегалци да бидат распеделени во ЕУ преку задолжителни квоти

Од:

Високот комесар за бегалци при ОН Антонио Гутериш денеска повика 200 илјади мигранти да бидат распределени меѓу земјите членки на Европската унија преку задолжителните квоти. Според него учеството на оваа програма треба да е задолжително за сите земји од заедницата.

Лицата кои бараат заштита треба да бидат вклучени во масовната програма за утврдување на новото место со задолжително учество на сите земји членки на ЕУ.  Според првичните оценки станува збор за околу 200 илјади лица, посочи Гутериш.

– Европа денес се соочува со најголемиот притисок на бегалци во последната декада. Ситуација која бара масовни заеднички напори, невозможно да биде изведена со сегашниот фрагментиран пристап од страна на ЕУ, истакна Гутериш.

Според неговите податоци од почетокот на годината 300 илјади лица го минале Средоземното Море, а над 2.600 загинале за време на патувањето.

– Случајот е пред се, бегалска криза а не само миграциски феномен, затоа што повеќето кои пристигнуваат во Грција доаѓаат од земји каде се војува како што се Сирија, Ирак и Авганистан, рече тој.

Според Гутериш единствен начин да се реши проблемот е да се разработи заедничка стратегија врз основа на одговорност, солидарност и доверба која предвидува итни и храбри мерки за стабилизирање на ситуацијата.

– ЕУ треба да е подготвена, во согласност и поддршка на засегнатите влади, посебно на Грција, Унгарија и Италија да овозможи примање и итно регистрирање на оние кои пристигнуваат, рече Гутериш. Тој потенцираше дека мигрантите кои немаат основа да останат во Европа треба да бидат вратени во нивните земји.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа