ОН бара истрага за цивилните жртви и штетите во Украина

Од:

Потсекретарката на Обединети нации за политички прашања, Розмари Ди Карло синоќа побара истрага и одговорност за масовните жртви и уништувањето на стотици домови, училишта, болници и друга цивилна инфраструктура за време на руската инвазија врз Украина.

Таа пред Советот за безбедност на ОН изјави дека „меѓународното хуманитарно право е кристално јасно“ во забраната за напади врз цивили и обезбедувањето нивна заштита.

Ди Карло ги наведе најновите податоци на Канцеларијата за човекови права на ОН: Од почетокот на војната до 15 март загинале 1.900 цивил, од кои 52 деца, а 1,174 се повредени.

– Според проценките на Програмата за развој на ОН (УНДП), доколку војната продолжи, 90 отсто од населението на Украина ќе се соочи со сиромаштија и екстремна економска ранливост, додека земјата и соседниот регион ќе се вратат децении наназад, посочи Дикарло.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски