ОН: Авганистанските талибанци поврзни со криминални мрежи

Од:

Авганистанските талибанци одржуваат тесни врски со криминални мрежи за трговија со дрога, киднапирања и незаконска експлоатација на рудници, се наведува во извештај на Обединетите нации.

– Тие се однесуваат повеќе како мафијаши, отколку како идна влада, се вели во документот, составен од ексертска комисија на ОН.

Експертите наведуваат дека талибанците годишно заработуваат над еден милион долари од рудниците за лазурит во провинцијата Бадахшан, заканувајќи им се на рударите и застанувајќи ги возачите на камиони, кои го пренесуваат скапоцениот камен од рудниците, за да им земат рекет.

Талибанците, според извештајот, земаат и околу две третини од приходите од рудниците за хром во провинцијата Пактика и 16 милиони долари годишно од рудниците за рубин, источно од Кабул.

Киднапирањата, кои зачестија од 2005 година, а кои ги извршуваат за да земат откуп им носат уште 16 милиони долари, се вели во извештајот.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица