Нападите на американските беспилотни летала го нарушуваат суверенитетот на Пакистан, изјави специјалниот известувач на ОН за борба против тероризмот и за човекови права Бен Емерсон.
Тој истакна дека пакистанската Влада му ставила јасно до знаење дека не се согласува со овие напади. Пакистански претставници му изјавиле дека имаат потврдени случаи на најмалку 400 цивилни жртви, убиени од американски беспилотни летала.
Изјавата на Емерсон е дадена вчера по неговата тридневна посета на Пакистан.
Американски претставници ги отфрлаат тврдењата дека беспилотни авиони убиле голем број цивили во оваа азиска држава. Според нив Пакистан тајно ги поддржува нападите.