Омикрон станува доминантен во Германија: Рекорден број на нови случаи, се очекува дополнително зголемување на инфекциите

Од:

Омикрон стана доминантна варијанта на коронавирусот во Германија и е одговорен за 73,3 отсто од сите случаи во земјата, за разлика од минатата недела кога неговиот удел беше 44,3 отсто, објави во неделниот извештај, Институтот за заразни болести Роберт Кох.

Според Институтот, делта варијантата, која е доминантна долго време, моментално е одговорна за само 25,9 отсто од случаите.

„Во наредните недели очекуваме големо зголемување на бројот на инфекции со варијантата омикрон“, велат од Институтот и додаваат дека „првите истражувања покажуваат помал удел на хоспитализирања на оние кои се целосно вакцинирани отколку кога преовладуваше делтата“.

72% од Германците примиле две дози, 44% бустер

Околу 72% од германското население било вакцинирано со две дози, а 44% ја примиле третата. Вчера Германија постави нов рекорд по број на новозаразени, дури 81.000 за еден ден, поради што кризниот штаб на владата предупреди на можна појава на недоволен капацитет на системот за тестирање.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски