Оланд: Во Париз е изведен терористички напад

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд го окарактеризира како терористички денешниот напад во редакцијата на сатиричниот весник „Шарли ебдо“ во Париз, во кој се убиени 11 лица, додека во Франција нивото на тревога е крената на највисок степен.

„Варварски чин, терористички акт“, беше категроичен Франсоа Оланд во обраќањето до новинарите пред влезот на недленикот, каде изутринава беше извршен терористички напад од две вооружени лица, јавува дописникот на МИА од Париз.

– Новинари и полицајци беа кукавички убиени. Во моментов кога зборувам има 11 убиени и четири лица се во критична здравствена состојба, додека 40 лица се спасени, изјави Оланд, дополнувајќи дека за неколку часа ќе се знае трагичниот биланс.

Очигледно силно погоден од терористичкиот напад врз неделникот, Франсоа Оланд најави за во 14 часот итен состанок во Елисејската палата со надлежните министри и премиерот. Притоа тој потврди дека антитеростичкиот план е подигнат на највисокото ниво и дека се во тек акции за пронаѓање на извршителите на терористичкиот напад.

„Тие ќе бидат ловени се додека е потребно за да бидат уапсени и изнесени пред судиите и осудени, нагласи шефот на француската држава.

„Франција денеска е е во шок, шок од атентатот, бидејќи нема сомневање дека станува збор за терористички напад врз весник кој повеќе пати добиваше закани“, рече тој.

Според Франсоа Оланд повеќе терористички напади кои биле во план биле откриени изминативе недели во Франција. – Ние знаевме дека има закана, како и за другите земји во светот. Ние примаме закани, бидејќи сме слободна земја, оцени Оланд. „И бидејќи ние сме земја на слобода ќе ги надминеме заканите и ќе ги казниме напаѓачите, Никој не може да мисли дека може да работи во спротивност од принципите на Републиката и да го повредува духот на републиката – односно медиумите, нагласи Оланд.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм