Оланд: Во 2016. не може да се повтори бегалскиот прилив од 2015.

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека не постои никаква можност приливот на бегалци од лани да се повтори и оваа година.

– Се знае какви напори вложи Германија и ја поздравуваме искажаната солидарност, рече Оланд во интервју за германскиот весник „Билд“, кое излегува денеска, еден ден пред 18. седница на француско-германскиот совет закажана за утре во источниот француски град Мец.

– Германија ќе посвети значителни средства на приемот и интеграцијата на бегалците. Но, не може да стане ниту збор дека оваа година ќе се повтори тоа што се случи во 2015 година, нагласи тој.

Според францускиот претседател одговорот на мигрантската криза треба да биде европски, а во спротивно ќе настапи крај на Шенген договорот и ќе бидат обновени националните граници, со други зборови ќе се случи историски регрес.

Оланд изрази жалење поради тоа што Европската унија задоцнила со реакцијата на бегалската криза, која предизвика турбуленции, но додаде дека сепак ЕУ успеала да пронајде глобален одговор.

Оланд изјави дека бегалската криза го зближила со германската канцеларка на личен план и покрај тоа што немале исти политички ставови.

– Заедно го изградивме европското решение, но меѓу нас имаше разлики. Германија прифати стотици илјади бегалци и покажа голема великодушност, но и за Германија и за Франција тоа не може да се прави надвор од европските правила, со други зборови надвор од Шенгенот, изјави Оланд во интервјуто.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз