Оланд вети една милијарда долари за земјите во развој за справување со климатските промени

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека Франција ќе донира една милијарда долари во речиси празниот светски фонд, кој им помага на сиромашни држави да се адаптираат при климатските промени.

Во говор во Њујорк за климатските промени Оланд увери дека во следните неколку години државата ќе обезбеди за Фондот една милијарда долари.

– Треба да направиме се што е неопходно за да може да се ограничи зголемувањето на просечната температура на планетата под два степена Целзиусови, изјави Оланд.

Тој предупреди дека климатските промени се закана за мирот и стабилноста во светот повеќе отколку војните.

Досега само германската канцеларка Ангела Меркел вети една милијарда долари за Фондот. Таа најави средства за Фондот во јули. На земјите во развој годинава им се потребни 15 милијарди долари за да се справат со климатските промени и ефектот на стаклена градина.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано