Претседателот на Франција Франсоа Оланд утре ќе има средба со шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг и американскиот државен сеекретар Џон Кери со кои ќе разговара за сириската криза.
На разговорите ќе присуствува и шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус.
САД и Русија вчера постигнаа договор за контрола врз сириското хемиско оружје со кој се предвидува тоа да биде целосно уништено до средината на следната година.
Франција соопшти дека договорот во Женева е „важен чекор напред“ и наведува дека разговорите на шефовите на дипломатиите на Франција,САД и Британија в понедленик во Париз ќе се фокусираат на негово спроведување. Фабиус рече дека ќе го почека извештајот на ОН кој ќе биде објавен утре за да биде формулиран конечниот став.