Оланд: Терористите избраа исти мети во Копенхаген и во Париз

Од:

Исти цели се нападнати за време на викендот во Копенхаген и во јануари во Париз, кога беа убиени 17 луѓе, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд.

– Терористите избраа исти цели. Можеме да видиме дека меѓу нив постои врска, која укажува на постоење на мрежа, но покажува и дека терористите избраа да го нападнат тоа што сме, тоа што претставуваме, вредностите на слободата, на законот, заштитата на секој граѓанин, без оглед на неговата или нејзината вероисповед, истакна Оланд во Амбасадата на Данска во Париз.

Тој додаде дека и Данска и Франција се во жалост но со „иста желба да се спротистават и да го победат тероризмот“.

Поистоветувањето на нападите во Копенхаген и во Париз е поради тоа што во двата случаи мети беа симболите на слободата на говорот, полицијата и Евреите.

Данските власти соопштија дека мажот кој изврши двојно убиство во Копенхаген можеби е инспириран од настаните што се случија од седми до девети јануари во Париз.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата