Најголемите компании во светот траб да дадат свој придонес во борбата против тероризмот со мерки против шверц и перење пари, побара денеска францускиот претседател Франсоа Оланд.
Тој изјави во Давос дека неговата порака кон бизнис лидерите кои учествуваат на Светскиот бизнис форум ќе биде: Големмите корпорации меѓу кои и финансиските треба да се издигнат над своите одговорности.
Според него, компаниите треба да се борат „против секаков вид незаконски акции, против т.н. даночни прибежишта и нелегални финансиски приливи“.
– Тоа значи дека се справуваш со задачата за борба со тероризмот, нагласи Оланд.