Оланд со „Легија на честа“ ги одликува убиените полицајци во Париз

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска ја предводеше церемонијата на одавање почит на тројцата полицајци, кои беа убиени во исламистичките напади од минатата недела.

Во седиштето на париската полиција, во близина на Нотр Дам, врз ковчезите на убиените полицајци замотани со француското знаме, Оланд положи медала на Легијата на честа, додека во заднина се свиреше националната химна.

-Тие умреа за ние да можеме да живееме во слобода. Тие умреа вршејќи ја својата должност храбро, смело и достоинствено. Тие умреа како полицајци. Ве уверувам дека цела Франција сочувствува во Вашата болка, им порача Оланд од семејствата на погинатите полицајци.

„Тие имааа еден идеал – да и служат на републиката“, додаде Оланд.

Претседателот, исто така, кажа дека Франција никогаш нема да потклекне.

-Франција никогаш нема да се предаде, никогаш нема да потклекне и ќе се соочи (со опасноста), заклучи Оланд.

На комеморацијата присуствуваа семејствата на погинатите полицајци и повеќе стотици нивни колеги во униформи.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано