Ако бидат откриени докази за употреба на хемиско оружје во Сирија по завршувањето на процесот на уништуивање на нејзиниот хемиски арсенал, тогаш ќе треба да бидат воведени меѓународни санкции кон Дамаск, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд.
Оланд истакна дека Франција заедно со меѓународната заедница ја осудува употребата на хемиско оружје.
– Беше постигнат договор и ако има докази за употреба на хемиско оружје ќе ги употребиме сите правни средства повторно да го осудиме режимот и да воведеме санкции, посочи Оланд.
Лидерот на сириската Национална коалиција на опозициски и револуционерни сили Ахмад Џабра по средбата со Оланд истакна дека во Сирија секојдневно се вршат масовни убиства.
– Режимот ги употребуба сите можни оружја, понекогаш и најужасните, наведе Џабра.