Оланд се определува за социјално-либерална економска политика

Од:

Втората влада на Мануел Валс отворено ќе води социјално-либерална политика, откако не успеа да ги вклучи во владата екологистите и комунистите. Нов министер за економија на местото на Арно Монтебург е досегашниот советник на Франсоа Оланд, Емануел Макрон, јавува дописникот на МИА од Париз.

Франсоа Оланд сакаша „јасна“ влада. Реконструираната влада на Мануел Валс судејќи според нејзиниот состав сигурно дека ќе биде повеќе во согласност со политиката која се определи да ја води претседателот. Таа ќе биде повеќе десно ориентирана, откако министрите од левото крило на владеачката социјалистичка партија, Арно Монтебург (економија), Беноа Хамон (образование) и Орели Филипети (култура) повеќе не се присутни во владината екипа.

Новите министри во француската влада се со ист профил: апсолутна лојалност и почитуавање на социјално-демократската политика линија. Во меѓувреме обидот да се прошири владата кон радикалите од левицата, еколозите и комунистите беше неуспешна.

Меѓу симболите на новата ориентација на Оланд е доаѓањето на Емануел Макрон, поранешен заменик генерален секретар на Елисејската палата и поранешен банкар кој ќе го наследи лево ориентираниот Арно Монтебург на местото министер за економија.

Макрон дојден од светот на финансиитре беше еден од најблиските советници на Франсоа Оланд за економски прашања. Мишел Сапан останува министер за финансии, додека поранешната министерка за правата на жената Наџат Вало-Белкасем станува прва жена министерка за образование.

Министерството за култура оди во рацете на Флер Пелран, поранешна државна секретарка за надворешна трговија.

Наспроти сите очекувања, Кристиан Тубира министерката за правда и покрај нејзините левичарски ориентации останува на истата функција.

Исто како и Лоран Фабиус министер за надворешни работи и меѓународен развој, Сеголен Ројал министер за Екологија, издржан развој и екологија. Жан-Ив Ле Дриан министер за одбрана, Франсоа Ребсамен министер за Труд, Маризол Турен министер за социјални прашања, Бернар Казенев министер за внатреши работи односно 16 министри и 17 државни секретари.

Веднаш по обелоденувањето на составот на новата влада, премиерот Емануел Валс на француската телевзија Франс2 тврдеше дека „ќе има само една политичка линија и дека членовите на владата нема да се оддаваат на спектакл“.

Тој притоа ја пофали младоста и разноликоста на неговата влада, отфрлајќи ги критиките дека новата влада и назначувањето на Емануел Макрон значи дека таа ќе води либерална политика. Но според Валс, владата ќе ја задржи истата насока на „намалување на дефицитот. Бидејќи Франција живее над нејзините можности“.

Првите чекори на новата влада ќе бидат сигурно следени со големо внимание од левото крило на Социјалистичката партија, а некои веќе шпекулираат дека владата нема да биде изгласана во Националното собрание каде мнозинството е тенко.

Првата посета по составувањето на владата и првиот нејзин министерски совет, Мануел Валс им ја резервира на работодавците од синдикатот МЕДЕФ, на кои треба да им се обрати на нивниот на летен универзитет заедно со новиот министер за образование.

Опозицијата од своја страна го цитира Шекспир, како сенаторот близок до Саркози Роже Каручи : „Многу бука за ништо“.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата