Оланд повика за единство против непријателот во Африка

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска во главниот град на Сенегал ги повика африканските лидери да се обединат против непријателот по вчерашниот напад извршен од исламистичката група „Боко Харам“ во Нигерија при што загинаа над 120 лица.

Овој напад покажува дека треба да продолжиме да се бориме заедно против тероризмот и да се обединиме против непријателот, против ризикот што го крие фундаментализмот, особено во Сахел во Африка, изјави Оланд на 15-тата средба на високо ниво на франкофонски држави.

Оланд ги посочи како пример изборите во Тунис и промените во Буркина Фасо, упатувајќи предупредување кон лидерите што би можеле да се најдат во искушение да го нарушат уставниот поредок.

– Франкофонијата е загрижена за правилата на демократијата, за слободата на гласање, за почитување на уставните закони и човекови права, истакна францускиот претседател.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано