Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска порача дека каков било антимуслимански и антисемитски напад ќе биде „строго казнет“ и истовремено повика на смирување на верската напнатост во земјата по најкрвавите терористички напади во изминатиот половина век.
Милиони муслимани во Франција треба да бидат заштитени и почитувани „како што и тие самите треба да ја почитуваат државата“, рече Оланд во својот говор во Институтот на арапскиот свет во Париз, пренесоа американските медиуми.
– Антимуслиманските напади, слично на антисемитските, не треба само да се осудат, туку и строго да се казнат. Соочени со тероризмот, сите сме обединети, истакна Оланд.
Со 120.000 припадници на силите за безбедност распоредени за да ги спечат евентуалните идни напади, напнатоста во Франција дополнително е засилена откако автомобил, во кој се наоѓале четири лица, ноќеска удрил во полицајка која ја обезбедувала претседателската палата.