Оланд: Потребен е притисок врз Русија за да се почитува прекинот на огнот во Украина

Од:

Врз Русија и сепаратистите во Украина треба да се изврши силен притисок за да се почитува прекинот на огнот, изјави денеска францускиот претседател Франсоа Оланд на самитот на Источното партнерство во Рига, пренесе ТАСС.

-Јасно е дека прекинот на огнот не се почитува во целост, рече францускиот претседател.

Според него, ситуацијата во некои украински градови и натаму предизвикува загриженост.

-Затоа должни сме да дејствуваме и да продолжиме да вршиме притисок, особено врз источниот дел на Украина и врз Русија, за целосно да се почитува спогодбата од Минск, изјави тој.

Русија негира дека им обезбедува војници и оружје на проруските
бунтовници, кои во април минатата година го почнаа сепаратистичкиот конфликт во источниот дел на Украина.

Москва го обвинува Киев дека ја прекршува спогодбата за прекин на огнот, што беше потпишана во Минск во февруари.

Во исто време Оланд ја повика меѓународната заедница да се подготви за нов круг преговори во Женева, што ќе имаат за цел изноѓање политичко решение на сириската криза, пренесоа француските медиуми.

-Повторно повикуваме на подготовка на една нова Женева, изјави
францускиот претседател во Рига.

Тој додаде дека Франција ќе продолжи да ја поддржува умерената демократска опозиција и да бара политичко решение. Претходните два круга од преговорите меѓу опозицијата и режимот во Женева завршијаа без успех, потсетуваат француските медиуми.

Заземањето на сирискиот град Палмира од џихадистите на Исламска држава покажува дека претседателот Башар ал-Асад е многу ослабен, подвлече Оланд.

-Со еден силно ослабен режим, и со еден Башар ал-Асад, кој не може да биде иднината на Сирија, треба да изградиме една нова Сирија, која може да се ослободи, природно, од режимот и од Башар ал-Асад, но пред се може да се ослободи од терористите, изјави францускиот претседател.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано