Оланд побара антитерористичкиот план да остане на највисоко ниво

Од:

Само еден ден по нападот врз војниците кои го обезбедува Еврејскиот центар во Ница, францускиот претседател Франсоа Оланд побара примената на антитерористичкиот план „Вижипират“ да остане на највисоко ниво, јави дописникот на МИА од Париз.

– Тој побара да се задржи највисокото ниво на примиена на планот „Вижипират“ и тој да се зајакне, изјави портпаролот на француската Влада, Стефан Ле Фол по утринскиот министерски состанок во Елисејската палата.

Истовремено, францускиот претседател побарал да се забрза донесувањето на третиот закон за борба против тероризмот, кој се однесува на делот на собирањето на податоци од страна на тајните служби, како и да се вложи „поголем напор“ околу усвојување на програмата за прибирање податоци на патниците во авионскиот сообраќај за што се дискутира во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата