Францускиот претседател Франсоа Оланд ја отфрли идејата за организирање референдум за ЕУ и кажа дека претседателските избори следната година ќе бидар шанса за гласачите да одлучат во каква Франција сакаат да живеат.
Во Франција се засилуваат повиците за одржување референдум за ЕУ откако Британците пред седум дена изгласаа излегување од европскиот блок.
-Зошто да организираме таква збрка и конфронтација ако не станува збор за излегување од ЕУ? Зарем не беа доволно лагите, претерувањата па и насилството кое го видовме во референдумската кампања во Британија, рече Оланд за весникот “Еко“ одговарајќи на прашање дали треба да има референдум.
Околу 55 проценти од гласачите не сакаат референдум за членствто во ЕУ, а 45 проценти сметаат дека е тоа добра идеја, покажа вчерашната анкетана агенцијата “Елабе“
-Британското искиство треба да ни биде пример,или подобро кажано антипример, рече францускиот претседател Оланд.