Оланд: Не може Брисел да ни диктира

Од:

Претседателот на Франција Франсоа Оланд изјави дека Европската комисија не може да им диктира што треба да прават.

Имено Брисел побара Париз оваа година да започне со реформи во пензискиот систем.

-Комисијата не може да ни диктира што треба да направиме. Едноставно, Франција мора да ги среди своите јавни сметки- рече шефот на државата во текот на посетата на југот на Франција.

Европската комисија во среда побара од Франција да воведе реформи, вклучувајќи ги пензиите и пазарот на труд, во замена да и се одобрат две години пролонгирање на рокот за намалување на буџетскиот дефицит.

Оланд рече дека веќе има предлог за пензиските реформи и дека истите ќе бидат спроведени во соработка, праведно и одговорно.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина