Оланд: Нападите во Париз се акт на војна, извршени од Исламска држава

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд ја обвини денеска Исламска држава дека е одговорна за серијата терористички напади во Париз, во кои загинаа 128 лица, а 250 се повредени.

Според дел од француските медиуми, во нападите загинаа 153 лица и околу 200 се ранети.

– Тоа, што се случи вчера е акт на војна, извршен од терористичката војска – Даеш (Исламска држава), организиран во странство, помогнат од внатрешни соработници, кои истрагата ќе ги идентификува.

– Бидејќи беше нападната на кукавички и подмолен начин, со насилство, Франција ќе биде безмилосна против варварите од Даеш. Преземени се сите мерки за заштита на нашите сограѓани и на нашата територија, рече претседателот во Елисејската палата. Тој ги повика Французите да се обединети и да останат смирени.

Во обраќањето до нацијата, Оланд истакна дека војската и силите за внатрешна безбедност ќе ги преземат сите мерки за да ги неутрализираат терористите.

Мерките за безбедност се подигнати на највисоко ниво, а војската ќе патролира во Париз.

Оланд додаде дека во понеделник, на 16 ноември, ќе се обрати на вонредна заедничката седница на двата дома на парламентот и најави официјална тридневна национална жалост.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

ВИДЕО: Објавена листата на десетте најпосетувани градови во 2024

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар