Оланд, Меркел и Рахој на местото на несреќата на авионот

Од:

Во Сејн лез Алп со ист хеликоптер околу 14 часот и 15 минути пристигнаа францускиот претседател Франсоа Оланд и канцеларката Ангела Меркел, додека шпанскиот премиер Мариано Рахој избра да дојде до Сејн лез Алп со автомобил, јавува дописникот на МИА од Париз.

Тука е подигната импровизирана капела, каде им се оддава почит на загинатите во несреќата.

Оланд и Меркел претходно го надлетаа накратко местото на несреќата и можеа само да ја констатираат големината на трагедијата. На стрмнините на планината и во длабоките долови ситните парчиња на авионот, како да се имаат стопено во сивилото на камењарите.

Фотографијата од првата црна кутија, на која се синмени рагзоворите на пилотите, поточно нејзината оштетеност, доволно зборува за жестокоста на судирот на авионот со планината. Се зборува дека тој летал со брзина од околу 700 км на час. Тројцата државници се обидоа во директен брифинг со одговорните за истрагата да добијат одговор на нивните прашања пред да се сретнат со семсјтвата на загинатите.

Сите тројца им се заблагодариja на силите на редот и спасувачките екипи за нивната ангажираност и пожртвуваност на теренот.

Според сите експерти истрагата ќе биде многу долга. Повеќе од 24 часа по катастрофата, не се знае многу зошто авионот се сруши. Некои сведоци тврдат дека слушнале дека моторите на авионот не функционирале нормално при надлетувањето, но сето тоа не е потврдено.

Ербасот А 320 е еден од двата најпродавани авион во светот и истовремено еден од најсигурните. Од неговата комерцијална употреба, која започна во 1988 година, авионот е продаден во 6194 примероци, а уште 5085 апарати се нарачани. За илустрација, секоја втора секунда полетува еден Ербас А320 во светот.

Премиерот Мануел Валс околу пладне ја исклучи можноста дека авионот експлодирал во лет, пред да ја допре планината. Валс, притоа инсистираше дека во оваа фаза на истрагата не се исклучени другите хипотези.

Спасувачките екипи, поточно истражните и медицинските екипи се распоредени на теренот, во негово пребарување во интерес на истрагата, но исто така и за евакуација на телата на жртвите, згрижување на семејствата на загинатите.

Би можело да ве интересира

Се запали левото крило на Боинг 737 со 73 патници

Британецот мора да плати 20.000 долари на „Јунајтед ерлајнс“ за пренасочување на летoт

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион принудно слета во Белград поради тепачка меѓу патници, мораше да реагира полицијата

Горан Наумовски

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Русија го попречила сателитскиот сигнал на авионот во кој патувал министерот Шапс, тврдат Британците