Оланд, Меркел и Путин договорија средба на маргините на Г20

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателите на Франција и Русија Франсоа Оланд и Владимир Путин разговараа денеска за ситуацијата во украина и договорија средба на маргините на Самитот Г20, кон почетокот на септември во Кина, соопшти Кремљ.

Тројцата државници телефонски разговараа за ситуацијата во Украина и иднината на договорот од Минск, врз основа на услогласени политички чекори и безбедносни мерки.

„Тројцата лидери се договорија да одржуваат личен контакт околу Украина, посебно за да одржат заедничка средба на маргините на самитот Г20 4-5 септември во Кина“, се наведува во соопштението од Кремљ.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Фараж со апел до Трамп: Путин не смее да победи

Путин дадe дозвола: Новото „нуклеарно чудо“ е подготвено

Горан Наумовски

Украина го обвинува главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид