Оланд: Меѓународната заедница треба да дејствува

Од:

Светот мора да одговори на конкретните докази за тоа дека нервниот гас „сарин“ е употребен во судирите во Сирија – изјави претседателот на Франција, Франсоа Оланд и додаде дека имаат докази кои ја обврзуваат меѓународната заедница да дејствува.

Францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабијус вчера истакна дека по извршените анализи врз примероци донесени од Сирија, експертите заклучиле дека смртоносниот нервен гас е користен неколку пати, а дека силите на режимот и неговите соучесници сарин употребиле најмалку еднаш.

Владата на Франција денес соопшти дека нема да интервенира еднострано.

По соопштението на официјален Париз, Британија објави дека и нивните тестови укажуваат на употребата на сарин во Сирија и дека се зголемува бројот на информации кои укажуваат на тоа дека режимот користел хемиско оружје.

Вашингтон е претпазлив и истакнува дека се потребни повеќе докази пред да се донесат заклучоци.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина