Оланд ќе задржи 7.500 работни места во одбраната

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд, одлучи да го намали бројот на работни места што требаше да бидат укинати во секторот одбрана, јави дописникот на МИА од Париз.

На денешниот Совет за одбрана во Елисејската палата, претседателот Оланд одлучи за 7.500 да се намали бројот на работни месташто ќе бидат укинати во Министерството за одбрана во перидоот од 2015 до 2019 година. Францускиот претседател притоа побара преразгледување на планот до почетокот на летото.

Одлуката да се зачува поголем број на работни места од претходно предвидените започна да се спроведува уште годинава, најмногу поради последните напади во Париз.

Имено според стариот план, одбраната требаше да изгуби 7.500 работни места во 2015, 7.500 во 2016, 7/300 во 2017 и 3.500 во 2018, односно да има вкупно 25.800 помалку вработени. Со новата одлука на Оланд, одбраната ќе загуби 18/300 работни места.

На крајот од 2013 година француската Армија броеше 278.000 лица (војници и цивилен состав), откако со претходниот план за рационализиација за периодот 2008 – 2014 година, беа укинати 54.000 работни места.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата