Оланд: Ќе се бориме против тероризмот и антисемитизмот

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд најави дека ќе се бори против тероризмот и антисемитизмот на социјалните мрежи и други места, оддавајќи им почит на децата и рабинот кои во март оваа година беа убиени во едно еврејско училиште во Тулуз.

Ќе го искорениме антисемитизмот секаде, посебно на социјалните мрежи кои гарантираат анонимност, истакна Оланд на свеченост во училиштето, на која присуствувал и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тој предупреди и дека нема да се потклекне во борбата против тероризмот и ќе биде истражено зошто извршителот на злосторството, инаку исламистички екстремист со француско државјанство, не бил на време спречен иако бил набљудуван од властите.

Оланд, исто така, вети дека ќе ги заштити еврејските деца и сите кои се цел на напади поради својата религија.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано