Оланд ќе се бори со песимизмот, кој ги зафати Французите

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска вети дека ќе се бори со песимизмот, кој ги зафатил Французите. Тој исто така вети и економски раст во следните месеци.

Оланд во интервју за државната телевизија Франс 2 по завршувањето на воената парада по повод на националнит празник на Франција, Денот на преземањето на Бастиља, не претстави дополнителни мерки за остварување на тие цели.

Тој нагласи дека е уверен во ефикасноста на веќе преземените чекори како субвенционирање на работните места на најниско квалификуваните млади лица, со цел да се намали невработеноста до крајот на годината.

Оланд ги повика Французите да го победат својот песимизам, кој според него е поголем од песимизот на народите, кои се во војна.

– Економскиот раст е возможен, истакна францускиот претседател, посочувајќи го растот на индустриското производство.

Тој нагласи дека ќе ги зголеми даноците, само доколку таа мерка е неопходна. Во врска со пензиските реформи, предвидени за оваа есен, тој посочи дека потребниот работен стаж ќе биде зголемен.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина