Оланд и Камерон во посета на салата „Батаклан“ во Париз

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон и претседателот на Франција Франсоа Оланд денеска ја посетија концертната сала „Батаклан“ во Париз, во која џихадистите на 13 ноември убија 90 луѓе.

Камерон на својот профил на Твитер напиша дека во салата стоел „рамо до рамо“ со Оланд, пренесуваат локалните медиуми.

– Утрово сум во Париз за да се сретнам со претседателот Оланд и да оддадам почит на  храброста на францускиот народ по неодамнешните терористички напади, напиша Камерон.

Меѓу загинатите во „Батаклан“ беше и еден Британец.

Камерон и Оланд подоцна ќе разговараат за соработката во борбата против Исламска држава, пренесуваат медиумите, потсетувајќи дека власта во Париз предлага зајакнување на меѓународните коалиции против џихадистите.

Би можело да ве интересира

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Драма во Париз пред затворањето на Олимписките игри: Итно евакуирана Ајфеловата кула

Смртни закани за организаторите на ОИ, обвинителство во Париз oтвори истрага

A1on

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз