Оланд: Грците се слободни да ја изберат нивната судбина

Од:

Грците се слободни да ја изберат нивната судбина, изјави францускиот претседател Франсоа Оланд во утринското двочасовно радио интервју за радиото Франс интер од јавниот сервис, пренесува дописникот на МИА од Париз.

– Грците се слободни суверено да ја изберат нивната влада. Грција е демократија. Граѓаните се тие кои треба да се изјаснат. Нивните влади ќе треба да ги почитуваат обврските преземени од нивната земја и европските одговорни, рече Оланд како одговор на прашањето за идните избори во Грција и ризиците за нејзиното излегување од еврозоната.

– Што се однесува до еврозоната, Грција е таа која сама ќе одлучи. Грците се слободни да ја изберат нивната судбина, но треба да се знае дека имаат преземено обврски, додаде францускиот претседател.

Според Оланд, Шпанија и Грција платиле тежок придонес за да биде зачувана еврозоната, додавајќи дека „Европа не може повеќе да биде идентификувана само со штедење.

– Ако ние сакаме силите на левицата кои се засилуваат во овие земји да бидат корисни, потребно е да им се зборува. Еврозоната има правила. Што сакаме да направиме од Европа? Таа треба да биде нашата заштита. Таа треба да носи политика на развој, објасни Оланд.

Во однос на политиката на азил, по последните случувања во Средоземното Море меѓу Италија и Грција, францускиот претседател смета дека „Европа треба да има една азилантска политика“.

– Европа треба да ги конторлира надворешните граници. Таа треба да има иста азилантска политика во однос на Сирија. Европа треба да се соочи и да набрзо одговори на барањата за азил, оцени тој.

Идната недела е предвидена средба со германската канцеларка Ангела Меркел, со која односите се „отворени и искрени“, нагласи Оланд.

– Ние имаме исти влогови: да направиме Европа да може да биде посилна, посолидарна во своите избори, поактивна во нејзината политика за развој. Ќе се сретнам со Меркел оваа недела. Оваа средба е организирана од претседателот на Европскиот парламент. Ќе дискутираме за заедно да напреднеме со нашите разлики, рече Оланд.

Тој се изјасни за крај на санкциите против Русија, но под еден услов – „санкциите треба да прекинат ако има напредок“.

– Путин не сака да го анексира истокот на Украина, Јас сум сигурен. Тој тоа ми го кажа. Тоа што сака е да остане влијателен. Тоа што го сака Путин, е Украина да не влезе во НАТО. Идејата на Путин е да нема армии на неговите граници. Тоа што ние сакаме е Путин да не ги поддржува сепартистите, да има економски односи со Украина. Има околу 5.000 загинати, на 2-3 часа од Париз. Европа не може да остане рамнодушна. Има напредок. Потребно е да му се зборува на Путин. Јас тоа го направив, Треба да се зборува јасно, да му се каже што ние сакаме, што не сакаме, објасни шефт на француската држава.

– Франција веќе интервенира во регионот, во Мали. Таа прави на еден начин да можеме да се бориме против Боко Харам во Нигерија. Што се однесува до Либија, ние сме на една истурена база во Нигер. Ние на еден начин ги контролираме терористичките огништа на југот. Франција нема да интервенира во Либија. Меѓународната заедница е таа која треба да ја преземе одговорноста. ОН се тие што треба да знаат што треба да направи меѓународната заедница, објасни Оланд.

– Нема сојуз со Башар ал Асад во борбата против Даеш, рече Оланд.

– Кога ќе започнете да се здружувате со ѓаволот, ретко добриот бог ќе ви дојде на помош. Потребно е да се избегант ваквите видови на односи. Ние треба да ја поддржиме опозицијата, објасни тој, зборувајќи за евентуалното сојузништво со Башар ал-Асад во борбата против исламистите од Даеш.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм