Оланд: Франција се залага за европска перспектива на Балканот

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави денеска дека неговата земја силно се залага за европска перспектива на Западниот Балкан и дека е подготвена да биде медијатор во решавање на сите отворени прашања, најавувајќи поактивна улога на Париз во регионот во следните години.


– Јас ќе бидам прв кој ќе ја демонстрира таа поактивна улога, истакна Оланд на заедничката прес-конференција со словенечкиот претседател Борут Пахор.


Оланд, кој присуствува на неформалниот состанок на лидерите од регионот на Брдо кај Крањ, нагласи дека неговото присуство е резултат на желбата „да ја потврди француската посветеност за реинтеграција на Западен Балкан во Европа и за негово интегрирање во ЕУ“.


Тој истакна дека постојат услови кои секоја од земјите, кога станува збор за реформи, треба да ги исполни, но дека важен услов, исто така, е и регионалната соработка.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина