Оланд: Франција пред неколку месеци испрати оружје за бунтовниците во Сирија

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека Париз пред неколку месеци доставил оружје до бунтовниците во Сирија, кои се борат против режимот на Башар ал Асад.

– Доставата е извршена пред неколку месеци кога сириските бунтовници мораа да се соочат со војската на диктаторот Асад и со терористичката група Исламска држава. Не можеме без оружје да ги оставиме единствено Сиријците кои се борат за демократија, истакна Оланд за време на неговата посета на францускиот остров Реунион.

Тој наведе дека тоа што се случува во Сирија е страшно, бидејќи режимот на Асад урива и масакрира, од другата страна е Исламска држава, а во средина се тие кои би требало да ги постават темелите за иднината.

– Затоа нема да ја прекинеме поддршката која им ја пружаме на бунтовниците, единствените кои учествуваат во демократскиот процес, посочи Оланд, додавајќи оти Франција тоа не го прави сама и оти има целосно разбирање од Европа и од САД.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата