Оланд: Франција ќе работи заедно со Русија и Иран за прекин на судирите во Сирија

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави денеска дека Франција ќе работи заедно со Русија и Иран за прекин на судирите во Сирија, но Техеран и Москва треба да разберат дека сирискиот претседател Башар ал Асад не може да биде дел од политичката транзиција.

– Русија и Иран велат дека сакаат да бидат вклучени во политичкото решение. Треба да работиме со тие држави, да им кажеме дека решението односно транзицијата мора да се случи, но без Асад, изјави Оланд на маргините на 70. Генерално собрание на ОН.

Претходно, и американскиот претседател Барак Обама зборувајќи во ОН истакна дека САД се подготвени да работат заедно со Русија и Иран за надминување на кризата во Сирија, но повтори дека идното решение не може да значи и власт на Башар Асад.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано