Оланд: Франција ќе испрати носач на авиони на Блискиот Исток за да помогне во борбата против ИД

Од:

Франција ќе испрати носач на авиони „Шарл де Гол“ на Блискиот Исток за да помогне во борбата против џихадистичката група „Исламска држава“, изјави денеска францускиот претседател Франсоа Оланд.

Една седмица по терористичките напади во Париз, во кои загинаа 17 лица и за кои денеска одговорност презеде јеменскиот огранок на Ал каеда, Оланд рече дека ситуацијата го оправдува присуството на воениот брод во регионот.

– Франција ќе спроведува операција во Ирак со поголем интензитет, додаде тој. Земјата веќе учествува во воздушните напади против ИД на ирачка територија.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата