Оланд: Франција го отплаќа својот долг кон Мали

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд чија посета на Мали добива „голистички“ карактерм, пред насобраната толпа народ во Бамако изјави дека „Франција денес го плаќа својот долг кон Мали“.

Како што јави дписникот на МИА од Париз, на плоштадот на независноста, францускиот претседател им порача на жителите на Бамако: „Ние денес го плаќаме нашиот долг кон вас. Не заборавам кога Франција беше нападната, кога таа бараше поддршка, таа дојде од Африка, од Мали, благодарам на Мали“.

– Франција е со вас, Франција е горда на вас и јас можам да ви кажам дека денес го доживеав најважниот ден од мојот политички живот. Одлуката која ја донесов на 10 јануари, таа и оддава чест на Франција и преку вашата поддршка, вие и оддавате чест на цела Франција. Да живее Мали, да живее Франција, да живее пријателството меѓу Мали и Франција, додаде францускиот претседател.

Оланд потврди дека Франција ќе остане колку што е потребно во Мали, бидејќи тероризмот е отфрлен и избркан, но се уште не е победен.

– Борбата не е завршена, терористичките групи се ослабени, имаат тешки загуби но тие не исчезнаа, додаде тој.

При еднодневната посета на Мали, Оланд претходно ги посети и Севари и Томбукту каде ги поздрави француските војници и се сретна со локалното население кое го пречека како ослободител.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз