Оланд до Трамп: Не ги укинувајте санкциите против Русија додека не се исполни Минскиот договор

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд при телефонскиот разговор со претседателот на САД Доналд Трамп наведе дека санкциите против Русија можат да бидат укинати дури кога ќе биде исполнет Минскиот договор за украинската криза.

Во соопштението од Елисејската палата стои дека Оланд му кажал на Трамп оти „не може да има одржливо ниту кредибилно решение во Сирија без ОН“, како и дека НАТО е „неопходна“.

Оланд му порачал на Трамп и дека „Европската унија треба да биде зајакната во сите сфери, вклучително и во одбраната“.

Наведено е дека францускиот претседател ја нагласил и „важноста на Парискиот договор за климатските промени“.

Тој го предупредил Трамп на „внимателност“ во врска со Иран, со порака дека нуклеарниот договор со таа земја „треба да се почитува“.

Во соопштението од Елисејската палата се наведува дека Оланд побарал од Трамп да го „почитува принципот за прифаќање на бегалците“, по указот што вчера го потпиша американскиот претседател.

Оланд на Трамп му ги нагласил и „економските и политичките последици од протекционистичкиот пристап“ што новиот претседател на САД го најави и почна да го применува.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукање меѓу моторџиски банди во САД: На собир на речиси 30.000 моторџии, најмалку три лица загинаа

Горан Наумовски

Уапсен погребник: Наплатувал, а не ги закопувал починатите, во фирмата пронајдени трупови во фаза на распаѓање

САД и ЕУ и се закануваат на Русија: „Ова е исклучително опасна ескалација“

Американските власти уапсија двајца кинески агенти

Татко и син од САД 10 години мамеле на лотарија, заработиле повеќе од 20 милиони долари

Ана Ололовска

Татко претепан до смрт додека го бранеше синот: Тинејџери го нападнаа, сакаа да ја прoдолжат тепачката што започна на училиште