Оланд денеска во посета на Мали

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд вчера изјави дека оди во посета на Мали за поддршка на француските војници и да придонесе за политичкиот дијалог во оваа земја, бидејќи од неа се “протерани терористите”.

“Одам утре во Мали за поддршка на нашите војници и да ги охрабрам и да им кажам дека Франција е горда на нив”, рече Оланд.

Тој ќе се состане за време на неговата посета со претседателот на Мали Дионкундо Траоре, а со него во Бамако ќе патуваат и министрите за надворешни работи, одбрана и развој Лоран Фабиус, Жан-Ив Ле Дријан и Паскал Канфен.

Оланд на новинарите денес им рече дека ќе го посети Мали за да придонесе за политичкиот дијалог во оваа земја, бидејќи од неа се “протерани терористите” и стабилноста повторно да се воспостави таму.

Во Мали моментално има 4600 француски војници, од кои 3.500 се ангажирани во операцијата која започна на 11 јануари.

Откако исламистите, кои со месеци го држеа под контрола северниот дел на Мали, тргнаа во офанзива кон југ, Оланд одобри воздушни напади во земјата.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз