Оланд: Асад нема иднина

Од:

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, ги повика Обединетите нации итно да ги заштитат ослободените области на северот на Сирија.

„Барам од ОН од овој момент, без одложување, да го поддржи сирискиот народ и да му ја даде помошта која ја бара, да ги заштити ослободените зони“, изјави Оланд во обраќањето на Генералното собрание на ОН.

„Нема иднина за сирискиот режим. Затоа Франција ќе ја признае привремената влада на новата Сирија, кога таа ќе биде формирана. Таа треба да пружи гаранција за безбедност на сите сириски заедници“, додаде претседателот на Франција.

Оланд исто така рече дека Франција е подготвена да воведе нови санкции кон Иран.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски