Оланд: Антисемитизмот е закана за темелите на државата

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави денеска по посетата на вандализирани еврејски гробови на исток во Франција, дека порастот на бројот на антисемитски и антимуслимански дела е закана за темелите на државата.

Оланд зборуваше во градот Сар-Унион во Алзас каде 250 еврејски гробови беа оскрнавени во текот на викендот.

Францускиот претседател рече дека бројот на антисемитски и антимуслимански инциденти е во пораст во Франција особено по нападите врз сатиричниот неделник Шарли ебдо и нападот врз еврејска продавница во Париз во минатиот месец кога беа убиени 17 луѓе.

– Мораме ли да поставуваме војници пред гробишта, запраша Оланд во говор по посета на оскрнавените гробови.

Тој вети одлучност во пронаоѓањето и кривично гонење на одговорните за тие дела.

Пет локални тинејџери се приведени поради инцидентот, но засега никој не е обвинет.

Оланд додаде дека во 2014 година имало двојно повеќе антисемитски дела во споредба со 2013 година, но делата против муслимани за само еден месец по нападите се речиси изедначени со инцидентите во целата измината година.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата