Окупацијата на Украина ќе биде „многу тешка“ за Русија, вели британскиот секретар за одбрана

Од:

Британскиот секретар за одбрана Бен Валас оцени дека Русија се соочува со „голем предизвик“ да влезе во поголемите градови на Украина, каде вооружените сили и цивилите веројатно ќе ги одбијат непријателските трупи што се приближуваат преку сите достапни средства, јави Би-Би-Си.

Валас вели дека е дел од руската воена доктрина да се опколуваат големите урбани центри и „недискриминирачки“ да се бомбардираат, за на крајот да се затвори „населението што тие се надеваат дека ќе го разбијат и ќе го преземат она што останало“.

Но, тој вели дека географската големина на Украина и нејзиното големо население од 44 милиони би ја направило окупацијата од Русија „многу тешка“.

– Тогаш ќе почнат да се трупаат вистинските жртви, изјави тој за Би-Би-Си, наведувајќи го искуството на Русија во Чеченија, Советскиот Сојуз во Авганистан – и Западот во Ирак.

– Да се изврши инвазија на земја со огромна сила е една работа, да се окупира 44-милионски народ, кој не ве сака во неа, е сосема поинаква работа, тврди британскиот министер.

Тој ја отфрла опцијата НАТО да воведе зона на забранети летови, велејќи дека секој судир што произлегува од кршењето на зоната од страна на Русија „може да доведе до војна во Европа“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила

Ќе треба многу време за да се постигне мирно решение во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина