„Оксфам“ предупредува за глад во Источна Африка поради војната во Украина

Од:

Невладината хуманитарна организација Оксфам предупредува за неизбежна криза со храна во Источна Африка, предизвикана главно од руската инвазија врз Украина, јави ДПА.

Извршната директорка на организацијата Габриела Бухер изјави дека Етиопија, Кенија, Сомалија и Јужен Судан, меѓу другите, се најзагрозени земји. Дури овој месец да заврне дожд, состојбата нема целосно да се ублажи. Речиси 28 милиони луѓе би можеле да бидат погодени, додаде таа.

Војната во Украина има двоен ефект врз Источна Африка, наведува Оксфам. Меѓународната заедница целосно се фокусираше на руската инвазија врз Украина и нема да одговори на ескалацијата на кризата во овој африкански регион, како што би можело во други околности. Покрај тоа, источноафриканските земји увезуваат до 90 отсто жито од Украина и Русија, а резервите ќе бидат погодени поради војната.

– Ефектот од конфликтот во Украина врз глобалниот систем за храна ќе се почувствува низ целиот свет, но најсиромашните и најранливите луѓе ќе бидат најтешко и најбрзо погодени, истакна Бухер.

Оксфам соопшти дека 21 милион луѓе во Источна Африка веќе се борат со гладот​, а хуманитарната помош за регионот е недоволна.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Валериј Залужни: Третата светска војна започна оваа година

Горан Наумовски

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Нова ескалација: САД одлучија, можете да нападнете со „Storm Shadow“

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина