Oколу една милијарда „паметни телефони“ во светот?

Од:

Аналитичарите проценуваат дека во третиот квартал од оваа година едно од седум лица во светот имало смартфон, односно дека во употреба биле околу една милијарда „паметни телефони“.

Тие веруваат дека за помалку од три години бројот на смартфони што се наоѓаат во употреба ќе се зголеми за уште една милијарда, пред се благодарејќи на ниските цените и закајнувањето на здравитее со забрзан економски развој.

Застапеноста на смартфоните се уште е релативно мала. Повеќето луѓе во светот немаат паметни телефони, но и натаму постои огромен простор за зголемување на нивниот број, посебно на пазарите во Кина, Индија и Африка, изјави извршниот директор на аналитичката компанија „Стратеџи“, Нил Маустон.

Аналитичарот од „Стратеџи“ Скот Бичено потсетува дека првиот паметен телефон во светот, „Нокиа комуникатор“ беше произведен во 1996 година.

„Нокиа“ остана доминантна сила во индустријата на паметните телефони повеќе од десет години, се до појавувањето на телефон на „Епл“ – „Ајфон“ во 2007 година, истакнува Бичено.

Според податоците на оваа аналитичка куќа, „Самсунг“ покрива околу 26 отсто од пазарот на паметните телефони. Се проценува дека овој корејски мобилен гигант во периодот меѓу април и јуни годинава продал околу 50,5 милиони апарати, што е речиси двојно повеќе од продадените околу 26 милиони смртафони на „Епл“.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска