Украинските власти соопштија дека две групи руски војници, чиј вкупен број изнезува 700, влегле денеска на украинска територија со помош на проруските бунтовници во источниот дел на земјата.
– Изутринава две групи од вооружени сили на Руската Федерација ја преминаа границата, во деловите, кои се под контрола на бунтовниците, изјави портпаролот на украинските воени сили Андриј Лисенко и прецизираше дека групите се од по 300 до 350 војници.
Според властите во Киев од средината на јануари во источна Украина има околу 8.500 руски војници.