Околу 60 отсто од германските болници се уште ги одложуваат операциите поради Ковид

Од:

Според Здружението болнички лекари (ВЛК) закажаните операции во 60 отсто од болниците во Германија сe уште треба да се одложат поради пандемијата со коронавирусoт.

Претседателот на таа асоцијација, Мајкл Вебер, изјави за весникот Ноје Оснабрикер Цајтунг дека „во шест од 10 болници недостигот на медицински сестри е под минималната граница“.

Во три од 10 болници, пациентите мораа да бидат префрлени во други клиники, вклучително и од големи институции.

Според весникот, анкетата спроведена од ВЛК меѓу нејзините членови низ цела Германија покажала дека 20 отсто од болнички лекари ве руваат дека итната помош е загрозена.

Десет отсто од креветите во единиците за општа и интензивна нега се уште се со пациенти со инфекција со Ковид-19. Со оглед на тензичната ситуација, ВЛК остро ја критикуваше политиката за коронавирусот усвоена од федералните и државните влади.

„Пандемијата се уште не е завршена, а зголемениот политички спор ја загрозува здравствената состојба“, рече Вебер за весникот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува