Околу 470 пилот китови се уште насукани во Тасманија

Од:

Втора група од околу 200 пилот китови е пронајдена заглавена во близина на западниот брег на Тасманија, со што вкупниот број на китови што треба да се спасат неделава достигна околу 470, јави ДПА.

Спасувачките екипи денеска изјавија дека новата група беше пронајдена утринава околу седум километри јужно од првичната локација во пристаништето Меккури.

Биологот на програмата за зачувување на морињата, Крис Карлион, изјави дека тоа е најголемиот број на заглавени китови што некогаш ги снимиле во Тасманија.

Околу 270 китови во понеделникот останаа заглавени на три локации во пристаништето, близу градот Страхан. Една третина од нив веќе беа мртви пред да почне акцијата за спасување.

Спасувачите вчера успеаја да ослободат 25 китови кои беа заглавени во песок во близина на рампата за бродови „Меккури Хедс“.

Карлион ја опиша ситуацијата како „конфронтирање“, додавајќи дека можело да се слушне како китовите меѓусебно се вознемируваат. Таа кажа дека причината за заглавувањата често пати останува непозната и затоа може да дојде „едноставно до несреќа“.

Би можело да ве интересира

Во Австралија се насукаа 160 китови, спасувањето е во тек

Горан Наумовски

Група китови се забележани во Јадранското Море кај Корчула

Бродовите годишно при пловидба убиваат 20 илјади китови

Исланд би можел да го забрани ловењето китови од 2024 година

Ана Ололовска

На традиционален фестивал на Фарските Острови убиени околу 1.500 китови и делфини

А1он

Неколку насукани китови ќе мора да бидат успиени

Ана Ололовска