Околу 300 бегалци извлечени од два чамци во близина на Либија

Од:

Спасувачите денес извлекле околу 300 мигранти од два гумени чамци во водини блиску до Либија и трагаат по уште 100 за кои се верува дека се наоѓаат во друг чамец исчезнат уште од неделата.

Спасувачите од шпанската невладина организација „Проаква Опен Армс“ го пронашле чамецот на 40 километри северно од Сабратa, на либиската обала.

Лаура Лануза, потпаролка на шпанската невладина организација рекла дека пронашле 299 мигранти од Африка и дека тие се во добра здравствена состојба и ќе бидат пренесени до пристаниште во Сицилија.

Од агенцијата за бегалци на Обединети Нации соопштија дека во јануари досега се регистрирани 237 мртви или исчезнати лица во регионот на Средоземното море.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски