Околу 3.000 американски војници доаѓаат на воени вежби во балтичките држави

Од:

Околу 3.000 американски војници, припадници на Третата пешадиска дивизија, од следната недела ќе бидат испратени во Естонија, Летонија и Литванија, за заедно со воените сили на овие балтички земји да учествуваат на воени вежби, објави Пентагон.

Ова е дел од американските тековни воени прегрупирања со цел да им се даде јасна поддршка на сојузниците од НАТО кои се загрижени за „ескалирањето на руската агресија“, пренесуваат американските медиуми.

Според полковникот на американската армија, Стив Ворен, предвидено е Првата бригада на Третата пешадиска дивизија во регионот на Балтикот да мине околу три месеци.

Претходно беше објавено дека САД денеска на членките на НАТО во Балтичко Море им испорачале повеќе од 100 парчиња воена опрема, за да им овозможат да се одбранат од можните руски закани.

Испораката на „оружје“ има за цел на претседателот Владимир Путин и на Русија одлучно да им се укаже дека ние можеме да се здружиме“, изјави американскиот генерал мајор Џон О’Конор, кој во летонската престолнина Рига ја надгледуваше испораката на воена опрема .

Меѓу испорачаната опрема се наоѓаат тенкови и оклопни возила, а О’Конор истакнува дека оваа воена опрема ќе остане во балтичките земји „колку што ќе биде потребно за да се одврати руската агресија“.

Претседателката на Литванија, Далија Грибаускаите, минатата недела предупреди дека балтичките земји мораат да бидат подготвени самите да се одбранат од секоја можна инвазија“ најмалку 72 часа пред членките на НАТО да бидат во можност да притекнат во помош.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија