Околу 250 демонстранти уапсени во Брисел

Од:

Полицијата во Брисел денеска приведе околу 250 демонстранти, меѓу кои и тројца пратеници-екологисти, за време на протестот против договорот за слободна трговија за кој преговараат Европската унија и САД, соопштија организаторите на собирот.

– Приведени се 249 луѓе, изјави Себастијан Франко, портпарол на „Алијанса Д-19-20“ во која членуваат асоцијации на земјоделци, невработени лица, синдикати и актери, кои стравуваат дека договорот може да доведе до „социјална, еколошка и прехрамбена катастрофа“.

Белгиската полиција потврди дека меѓу приведените имало и белгиски пратеници, додавајќи дека тие се ослободени штом бил утврден нивниот идентитет.

– Жално е што народните претставници го прекршија законот, изјави портпаролот на полицијата.

Тој истакна дека полицијата се вмешала кога демонстрантите се обиделе да се доближат до местото на средбата, каде еврокомесарот за трговија Карел де Гухт требало да се обрати пред група бизнисмени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Брисел: Маскирани напаѓачи пукаат кон цивили

Горан Наумовски

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети