Околу 100 бунтовници се убиени во воздушни удари на пакистанската воена авијација во северозападните делови кои граничат со Авганистан.
Цел на нападите биле осум бунтовнички кампови во племенскиот регион на Северен Вазиристан, наведуваат извори за западни медиуми.
Претпоставка е дека најголем дел од убиените се Узбекистанци и други странски борци. Меѓу убиените е и Абу Абдул Рајман ал Мани за кој се смета дека помогнал при организирање на нападот и опсадата пред една недела на аеродромот во Карачи каде имаше 36 жртви. За нападот одговорност презедоа узбекистански екстремисти како и пакистански талибанци.