Околу стотина ракети беа лансирани денеска од Либан кон Израел, кои ги активираа сирените во регионот на Западна и Горна Галилеја, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ).
Некои ракети беа соборени, а неколку паднаа, предизвикувајќи пожар, се додава во соопштението на израелската армија.
Во гаснењето на пожарот се ангажирани противпожарни и спасувачки служби.